BMW Motorrad Македонија

R nine T Pure

Совршен. Намален. Со воздушно ладење.

BMW R nine T Pure е совршен за секој што сака класичен дизајн на roadster -патот и бара чисто возачко искуство.
Потсетува на 70-тите и 80-тите години. Но, нејзините корени одат уште подлабоко. Дури и првиот моторцикл на БМВ бил едноставен, намален и динамичен. Потоа, во 1923 година, двојниот мотор на BMW веќе беше суштината на целиот концепт.
Во исто време, новиот BMW R nine T Pure ви нуди многу опции за прилагодување на вашиот мотоцикл према вашите специфични барања. Можете да ги остварите вашите соништа: за вашиот мотор и вашиот животен стил.Ќе го почувствувате потеклото, без разлика дали сте го прилагодиле на себе или уживате во возбудата од додавање гас.

Доведен до суштната.

Дизајнот на BMW R nine T Pure ги содржи сите карактеристики на типичен roadster. Околу предните светла е со хромирани прстени, лакирано куќиште  и нов округол километражен часовник, влијае на изгледот на предниот дел. Пропорциите се одредени со троделен мост, заедно со новата класична вилушка. Носив  елемент: двострук агрегат, која чека само да започнете да го движите. Челичен резервоар и типичен тесен заден дел што ја комплетираат силуетата, која е елегантна и стилска: за агилен изглед, полн со самодоверба – и сето тоа го носат импресивни тркала,со фелна која има пет крака. Сепак, максимално намалениот дизајн нема никаква врска со носталгијата. Наместо тоа, R nine T Pure ви овозможува да го прилагодите вашиот моторцикл на вашите потреби: да го опремите, модифицирате, да го прилагодете – вашиот мотоцикл според вашите потреби:да го опремите, модифицирате, да го прилагодите -ваш мотор -ваш стил. Основа на мотоциклот: докажаниот концепт и секако вообичаен квалитет на BMW Motorrad.

Двоцилиндричен агрегат за целосно индивидуално возење.

Агрегат и електричниот систем на моделот R nine T Pure веќе ги воодушевија љубителите на мотоцикли со R nine T. Двојниот мотор со два цилиндри и 110 KS (81 kV) ветува незаборавно возење и го одржува ветувањето – типично за двоен агрегат. Системот за издувни гасови со 2 во 1 со типичен roadster изглед го нагласува стилот и обезбедува моќен звук. Благодарение на стандардниот ABS и опционалниот ASC, можете безбедно да уживате во патот.

Модерен и самоуверен.

R nine T Pure Ви овозможува да го остварите својот сон за мотоциклот кој го сакате. Комплетно прилагоден на вашите идеи. Креирајте го вашиот мотоцикл – во ваш стил. Благодарение на релативно ниската висина на седиштето, мотоциклот е погоден за различни големини на телото. Покрај тоа, можете дополнително да го спуштите вашиот мотоцикл R nine T Pure со опцијата за време на фабричкото производство.

Безбеден, тесен и цврсто тапациран, ќе обезбеди возење на најдобар начин – самоуверен, сигурен и непогрешлив.

Креиран според вашите идеи.

Вие сте она што возите. R nine T Pure е огледало на вашиот личен вкус и вашата креативност. Лесната рамка за седишта во задниот дел на мотоциклот може да се отстрани, како кај R девет Т. Во случај да сакате да привлечете внимание на себе. Оригиналната додатна опрема BMW Motorrad и опциската додатна опрема BMW Motorrad Ви овозможуваат дополнително да го прилагодите вашиот мотор според вашите потреби. Можете да го замените челичниот резервоар со алуминиумски, со или без видлив спој, каде што е извршено заварувањето. Или можете да изберете најквалитетни пониски (поспуштени) тркала наместо класичните алуминиумски – за класична и стилска силуета. А, воедно, со специјално изработени дополнителни делови, како што се новите Machined Parts, R nine T Pure Ви дава слобода на избор.

Агрегат
Tип Воздушно/со масло ладење четиритактен ‘Bokser’ мотор, две брегасти осовини и четири кружни распоредени вентили по цилиндар, централна  балансна осовина
Дијаметар x цилиндар 101 mm x 73 mm
Кубикажа 1170 cc
Номинална моќност 81 kW (110 ks) нa 7750 rpm
Максимален вртежен момент 116 Nm нa 6000 rpm
Сооднос на компресија 12.0 : 1
Контрола на мешавина / управување со агрегат Електронско вбризгување
Контрола на емисија на издувни гасови Троен каталитички конвертор со затворена јамка, EU-4
стандард на емисија на издувни гасови
Перфоманси / потрошувачка на гориво
Максимална брзина преку 200 km/h
Просечна потрошувачка на 100км 5,3 l
Вид на гориво Безоловно супер (премиум), октански број 95-98 (RON) (рангирана излезна моќност на 98 RON)
Електричен систем
Алтернатор трофазен алтернатор 720 W
Акумулатор 12 V / 14 Ah, без одржување
Пренос на моќ
Квачило Квачило со една сува плоча, хидраулична
Менувач Постојан шестстобрзински менувач со хеликоидни запци
Погон Полуосовински погон
Шасија / Сопирачки
Рам Троделен рам, составена од еден преден и два задни делови, лежај за мотор и менувач, одвојив дел на рамот за сувозачот
Позиција на предно тркало / суспензија Телескопска вилушка со фиксен дијаметар на цевката 43 мм
Позиција на задно тркало / суспензија Лиен алуминиумски единечен крак со BMW Motorrad Paralever; централна греда на пружината,  предходно набивање на пружината која се подесува со клуч, п амортизер со подесување
Пренос суспензија предно / задно 125 mm / 120 mm
Меѓуосовинско растојание 1.493 mm
Наваленсост на управувачот 105 mm
Агол на управување 63,4°
Тркала Лиени тркала
Рам, напред 3,50 x 17″
Рам, позади 5,50 x 17″
Гума, напред 120/70 ZR 19
Гума, позади 180/55 ZR 17
Предна сопирачка Сопирачка со два дискови, со дијаметар 320 мм, четири клипна шепа
Задна сопирачка Сопирачка со еден диск, со дијаметар 320 mm, четири клипна шепа
ABS BMW Motorrad ABS
Димензии / тежина
Должина 2.105 mm
Ширина (вклучувајќи и ретровизори) 900 mm
Висина (без ретровизори) 1.240 mm
Висина на седиштето, без тежина од товар 805 mm
Должина на просторот за нога, без тежина од товар 1.750 mm
Маса на празен мотоцикл, подготвена за пат, полн резервоар1) 219 kg
Дозволена вкупна маса 430 kg
Дозволена носивост (со стандардна опрема) 211 kg
Корисна зафатнина на резерварот 17 l
Резерва просечно 3,5 l
Опрема (во делови)
Стандардна опрема Патнички рам, лесно се расклопува, нов брзинометар со мултифункционален дисплеј
Опционална опрема (ОЕ) Алуминиумски резервоар 1, Алуминиумски резервоар 2, загревачки рачки, алармен систем против  кражба, ASC, LED жмигавци, жични тркала
Опциски додатоци (OA) Бројач на вртежи со компјутери, рачно изработени алуминиумски делови (заден капак, ветробран)
Чиста, “cover frame triangle”, страничен капак за ладење), рачки R nineT Racer држачи и мост вилушка, и повеќе испробан и тестирани од моделот R nineT

Техничките податоци се однесуваат на неоптеретена маса (DIN)
1)Според упатствата 93/93 / EWG со сите течности, наполнети со гориво од најмалку 90% од кориниот капацитет на резерварот.

ПРОСТОР ЗА СКЛАДИРАЊЕ

Патна торба за резервар – кожа патна торба која е поставена на резерварот

Практична и елегантна патна торба во едно – водоотпорна торба со резервоар од платно, обезбедува 11l капацитет за складирање. Достапно во две варијанти на материјали и во боја.

  • Водоотпорен главен оддел, приближно 11l
  • Надворешен џеб на врвот, водоотпорен,
  • Прозирен џеб, високо водоотпорен,
  • Мал џеб со мрежичка во внатрешниот капак
  • Оптимално седење благодарение на прецизно прилагодената подна плоча
  • Практична рачка за носење на предната страна

Каиши  што се прицврстуваат за резерварот без можност да пролизгаат и со посебен процеп за капакот на резерварот (може да се нарача одделно).

Мека торба за поставување на задниот дел / кожна мека торба

Подготвени за патување – водоотпорната мека торба за задниот дел од капацитет 40l обезбедува  многу простор за вашиот багаж. Достапна во две варијанти на материјали и бои.

  • Водоотпорен главен оддел, приближно 40l
  • 2 странични џебови, водоотпорни
  • Оптимално седење благодарение на панелите на дното кои се прецизно прилагодливи на додатокот за совозачкото седиште
  • Ремени за носење на рамо (со подесување, подесување по должина, поставени) и рачка за носење

Две траки за подесување на големината на просторот за багаж, како и можност за додавање дополнителен багаж.

ЕГРОНОМИЈА И КОМФОР

Седиште на возачот по мерка

За уште повеќе индивидуалност, седиштето на возачот по мерка и сега е достапно со назначени ребрасти делови и Alcantara изглед.

  • Ексклузивен дизајн за оптичка надградба и персонализација
  • Атрактивен страничен поглед со континуирана дизајнерска линија од резерварот до седиштето
  • Висок квалитет на тапацир за седишта со назначени ребрасти делови, како и изглед на Alcantara
  • Црно со бело двојно декоративни рабови
  • Извезени nine T во златна боја
  • Висина на седиштето: 815 mm (стандардно: 820 mm)
  • Должина на делот: 1815 mm (стандардно: 1830 mm)

Дополнително лесно комфорно седиште за сувозачот

Удобното возачко седиште оптимално одговара на изгледот на мотоциклот, но обезбедува поголема удобност за седење.

  • Комбинира зголемена удобност на патниците со ексклузивен дизајн
  • Пошироко и помоќно од вообичаеното R nine T седиште за сувозачот
  • Квалитетна преслека за седиштата од вештачка кожа
  • Со сигурносен појас
  • Атрактивни двоструки украсни рабови во бела боја
  • Излезен nine T во златна боја, позади
  • Изглед и материјалот прилагодена на седиштето на возачот R nineT

ДИЗАЈН

Мерач на бројот на вртежи вклучувајќи го и патничкиот компјутер

Бидете целосно известени кон мерачот на бројот вртежи на агрегатот, вклучително и прикажувањето на  брзината и другите информации за патот на патниот компјутер.

  • Мерачот на бројот на вртежи со прикажување на брзината, вклучува голем број на функции на патниот компјутер (датум, просечна брзина, просечна и тековна потрошувачка, напојување на мотоциклот, време на патување, температура на моторот)
  • Црно Куќиште од метал, идентично со стандардно куќиште за брзинометарот
  • Дијаметар: прибл. 9,5 cm (аналоген брзинометар)
  • Опциски: хромирано мат куќиште

Рачките на управувачот се поставени над предната вилушка

Спортскиот изглед и положбата  на седиштето ориентирано према предното тркало – што го  овозможуваат  овие рачки на управувачот .

  • Рачки на управувачот за спортски изглед
  • Положбата на седиштето ориентирана кон предното тркало

Наслони за колената

Овие ергономски обликувани гумени подлошки /подметачи/ ги штитат обете страни на резерварот од гребнатини. А нивниот стилски дизајн го нагласува наследството на R nine T-a.

  • Ергономски обликувани гумени подлоги од десната и левата страна на резерварот
  • Елегантниот дизајниран елемент го нагласува наследството
  • Спречува гребење на резерварот

НАВИГАЦИЈА И КОМУНИКАЦИЈА

Носач за навигациски системи

Функционалната конзола одговара на изгледот на мотоциклот и овозможува да се прицврстат опремата за навигација на BMW Motorrad и држачот за smartfon  да бидат прицврстени.

  • Функционална конзола
  • Погодно за BMW Motorrad Navigator VI (и постари), улицата Navigator Street и како држач за smartfon
  • Приклучокот е прицврстен на блокот за стегање на управувачот
  • Совршено позиционирање во видното поле на возачот

Навигатор VI

Уживајте во најдобрите возења од вашиот живот.

Дозволете му на новиот Navigator VI да ве однесе на некои од најдобрите возења во вашиот живот. Големиот 5-инчен екран,осетлив на допир, ќе ви го покаже патот до неограничено задоволство при возењето. На екранот е прикажан кружен поларизирачки филтер (CPOL) кој ги минимизира рефлексиите и го подобрува контрастот и гарантира оптимална читливост, дури и при директна сончева светлина. Доживејте нови рути и дестинации користејќи ја опцијата за планирање на функциите “Curvy Roads“,”Avoid larger main roads“ funkcija, и “Round trip“,за дестинациите со информации за времето, оддалеченост или средна дестинација. За да можете да уживате во најдобрите погледи на патот, инструкциите “Natural Guidance”ви даваат точен опис на околината. Подесете ја музиката за вашето патување: Со Bluetooth технологија и новата опција “Streaming Music”, можете да слушате музика сочувана на вашиот Smartfon. Бидете режисер и контролирајте ги “Action Cams” директно од навигацијата.Опционалната апликација “Smartphone Link” ќе ви овозможи информации за сообраќај и временски услови во реално време. “4-Button Mount” го олеснува практичното работење на сите релевантни функции за време на патувањето. Воедно ќе добиете и нови бесплатни ажурирани претходно инсталирани папки.

Уште една работа: со опциската инсталација на авто комплетот за автомобили, Navigator VI е исто така идеален сопатник во вашиот автомобил.

Навигатот V

Уживајте во најдобрите возења во вашиот живот.

Navigator V со голем 5-инчен TFT дисплеј во боја е совршен електронски набљудувач за посветените мотоциклисти. Софтверот BaseCamp ви овозможува да ги испланирате омилените дестинации до најмалите детали. Изберете го најбрзиот или најкраткиот пат или одете до опцијата “twisting roads” ако сакате повозбудливо патување. Опцијата за апликации за врски со smartphon за сообраќајни информации во реално време и временски прогнози, ве информира за тоа што треба да знаете, кога ќе ви затреба. TTS навигацијата со детални описи на вашата околина ќе ве информира за сè што е околу вас на избраната дестинација. Bluetooth технологијата и опционалниот систем за комуникација BMW Motorrad комуникацискиот систем пренесува упатства за насочување директно во вашата кацига, преку безжична врска, и можете да ја користите и функцијата   handsfree за телефонски повици.

Информациите за картата претходно се инсталираат  и имате бесплатни ажурирање.

БЕЗБЕДНОСТ

Заштитна решетка за фарови

Заштитната решетка  за фаровите е идеален додаток за патување надвор од градот. Употребата е дозволена само кога возите надвор од градот (без оглед на видот на возилото).

  • Ефикасна заштитна решетка за челичен лим, обложена со KTL
  • Само за користење вон патот
  • Ги штити фаровите од летечки камчиња, за употреба надвор од градот
  • Боја: црна

Пластичен заштитен капак на главата на цилиндерот

Заштитно капак на главата на  цилиндерот од пластика, зајакнат  со стаклено влакно, ги штити капаците на главата на цилиндерот од оштетување.

  • Заштита од пластика зајакната со стаклени влакна, отпорна на удари и UV зраци
  • Заштитете ги капаците на главата на цилиндерот од гребнатини и оштетувања предизвикани од падови
  • Го потенцира дизајнот и линијата на агрегатот

Заштитник на капакот на главата на алуминиумскиот цилиндер

Заштита на главата на цилиндарот изработена од елоксиран алуминиум ги штити капаците на главата на цилиндарот од оштетување и му дава на мотоциклот визуелна надградба.

  • Сеопфатна заштита на капаци на главата на цилиндерот изработена од елоксиран алуминиум
  • Оптимален за употреба надвор од теренот
  • Го потенцира дизајнот и линијата на агрегатот
  • BMW изгравиран натпис

* Специјалната опрема или опции на дополнителна опрема која е наведени на оваа страница, предтавува само извадок од најновиот асортиман на BMW Motorrad. Целата специјална опрема, додатна опрема и пакетите може да ги пронајдете во BMW Motorrad конфигураторот.

Конфигуратор на мотоциклот