BMW Motorrad Македонија

C 400 X

Користете ги сите прилики во градот на најдобар начин.

Во ова време, градската мобилност подразбира многу повеќе од тоа од доаѓање од точка А до точка Б. Денес, не сакате да пропуштите ништо, туку наместо тоа да ја користите предноста што градот има да ја понуди – дури и кога сте во движење. C 400 X ви ја дава таа опција. Дали сте поврзани преку Интернет цело време? И C 400 X е исто така. Тоа е скутер со средна големина што лесно ги надминува предизвиците на мобилноста во градот. Само земете ги со васвашите омилените песни за на скутер и доживејте го градот со своја музика. Или испланирајте активности со пријателите преку поврзаниот smartfon -паметен телефон, без да ја исклучувате машината додека удобно ја крстарите метрополата. Со моделот C 400 X, вашиот град и патиштата стануваат голем отворен простор. Ваш сопствен отворен простор чија мапа можете да ја направите сами и да се забавувате.

Дизајн на моделот C 400 X

Одберете го својот стил.

Треба ли вашиот C 400 X да ја нагласи вашата личност? Тогаш едноставно одбрете боја која вам најдобро ви прилега.

Алпско бела

Завршната боја Алпско бела допринесува лесен и компактен изглед на скутерот. Повлеченото седиште со црвен акцент му дава спортски изглед.

Зенит плава металик

Јасните линии и спортски карактер: Нека вашиот став биде јасен и динамичен, со Зенит плавата металик боја.

Лесен за маневрирање, агилен и карактеристичен во возење низ градот.

Како што укажува неговиот дизајн, скутерот со средна големина C 400 X е направен за градот – така да биде лесен за маневрирање. Имплицираниот V-изглед на украсните компоненти го прави динамичен и мобилен кога се гледа однапред – силуета која нагласува дека C 400 X е супериорен во тесните улици и густиот сообраќај. Покрај тоа, C 400 X носи робустен и сигурен дух на GS: исправени пропорции, навестување на предниот браник, јасна, графичка одвоеност на обоени украсни компоненти и голем асиметричен фар целосно во LED технологија т.е. хоризонтална светлина за денско возење во форма на буквата Y тоа јасно го покажуваат. Меѓутоа, украсните компоненти не само што ја истакнуваат неговата урбана опуштеност, туку и ве штитат од ветрот и лошите временски услови. Тенката позадина исто така покажува ставот и испраќа јасна порака до сите што ќе ги оставите зад себе: ете како урбаната мобилност може да биде едноставна, брза и без стрес.

Потполно конектиран низ мрежата на градските улици

BMW Motorrad Connectivity ги носи вистинските иновации во класата на скутери со средна големина. Со специјална опрема, можете да го поврзете вашиот smartfon -паметен телефон директно со скутерот. За прв пат, C 400 X може да се користи за поврзување на вашиот паметен телефон со екранот TFT и за интуитивна контрола преку мулти-контролер. Барате совршена музика за возење низ град? Нема проблем, со фабричката опција Connectivity. Како да стигнете до вашиот омилениот ресторан најбрзо? Ништо полесно од брзата навигација и безбедното пристигнување до вашата дестинација со иновативни стрелки на екранот од вртење до вртење. Додека возите, сакате да ги прашате вашите пријатели каде се? Во комбинација со системот за комуникација BMW Motorrad, можете да пристапите до листата со контакти на вашиот паметен телефон преку мултиконтролорот и да испраќате или примате повици додека сте во движење.

Совршено подесен за градот.

Концептот за мотор за моделот C 400 X е специјално развиен за скутер со средна големина и е совршено прилагоден на потребите на големиот град, како и на вашиот сопствен. Високо ефикасен дизајн обезбедува мал број на вртежи, големи брзини, ефикасно согорување и минимално триење – или, со други зборови, ниска потрошувачка и неограничено, едноставна забава. Се разбира, нивоата на емисија се во согласност со стандардот EU-4. Накратко: спонтани маневри при возење, агилно забрзување, динамично лизгање – со моделот C 400 X лесно можете да ги следите брзините на градот.

Еве колку удобно може да биде градското движење.

Стресот во градскиот превоз од сега па натаму е минато. Запознајте го градот и неговите патишта од една сосема нова перспектива со скутерот C 400 X. Целата архитектура на овој скутер со средна големина е дизајнирана за одлично и стабилно возење, ослободено од вибрации, како на прави делници, така и на кривини. ABS и автоматската контрола на стабилноста (ASC) се исто така стандардни за да овозможат поголема безбедност, дури и на лошите патишта и нивните површини. Вашиот паметен телефон се вклопува во просторот за полнење со интегриран штекер, за струја,така што не мора да пропуштите ништо додека патувате и го истражувате градот. Флекс кутија за извлекуње ви нуди дополнителен простор за багаж, како што се кациги, торби и сè друго што градот има да го понуди.

Мотор
Тип Едноцилиндричен со четиритактен мотор со ладење на вода, 4 вентили по цилиндар, осовина во главата на цилиндарот со осцилирачко рамо, влажно подмачкување на карбураторот
Мерка х од 80 mm x 69,6 mm
Зафатнина 350 ccm
Називна излезна моќност 25 kW (34 ks) при 7.500 вртежи во минута
Макс. вртежен момент 35 Nm при 6.000 вртежи во минута
Сооднос на компресија 11,5 : 1
Контрола на мешавина / управување со мотор BMS-E2 дигитално управување со мотор
Контрола на емисија Тринасочен каталитички конвертор на затворени јамки
Стандард на емисија EU-4
Перформански / потрошувачка на гориво
Максимална брзина 139 km/h
Потрошувачка на гориво на 100 km врз основа на WMTC 3,51 l
Тип на гориво Безоловен супер 95 (ROZ), компатибилен со E10
Електричен систем
Алтернатор Постојан магнетен генератор 316 W
Акумулатор 12 V / 9 Ah, без одржување
Трансмисија на моќност
Квачило Центрифугално суво квачило
Менувач CVT менувач со постојано променлив пренос
Погон Двостепени челни запчаници
Шасија / сопирачки
Рам Конструкција од челични цевки со единица од лиен алуминиум
Локација на предно тркало / суспензија Телескопска предна вилушка Ø 35 mm
Локација на задно тркало / суспензија Двострука алуминиумска вилушка, двострука нога со пружина, подесување предходно оптеретување
Преместување на суспензија напред / назад 110 mm / 112 mm
Осовинско растојание 1.565 mm
Затур 81 mm
Агол на главата управувачот 63,6°
Тркала Тркала од лиен акуминиум
Фелна, предна 3,50 x 15″
Фелна, задна 4,25 x 14″
Гума, предна 120/70 15
Гума, задна 150/70 14
Сопирачка, предна Сопирачка со двоен диск, крут, дијаметар 265 mm, 4-клипна шепа на сопирачка
Сопирачка, задна Сопирачка со еден диск, дијаметар 265 mm, едно-клипна шепа на сопирачка
ABS BMW Motorrad ABS
Димензии / тежина
Должина 2.210 mm
Ширина (со огледала) 835 mm
Висина (без огледала) 1.305 mm
Висина на седиштето, без оптеретување со тежина 775 mm
Внатрешна кривина за нозете, без оптеретување со тежина 1.760 mm
za put, pun rezervoar 1)

Без оптоварување од тежина, спремен за пат, со полн резервар1)

204 kg
Сува тежина 193 kg
Дозволена вкупна тежина 405 kg
Носивост (со стандардна опрема) 201 kg
Ширина (со огледала) 835 mm
Корисна зафатнина на резерварот 12,8 l

Техничките податоци се однесуваат на тежината на празен мотоцикл (DIN)
1) Во согласност со насоките 93/93/EWG со сите течности и горива од најмалку 90% од зафатнината на резерварот

СКЛАДИРАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ

Кутија за складирање, мала, 30 l

  • Непропусна, пластична кутија за складирање
  • Зафатнина: околу 30 l, доволно голема за да се смести една кацига
  • Шарките за меко затворање овозможуваат капакот благо да се спушти во затворена положба
  • Опционално: внатрешен џеб на кутијата за складирање
  • Боја: црна/мат металик гранитно сива или црно/тркачки црвена боја

Кутија за складирање, лесна, 29 l

  • Пластична кутија за складирање
  • Зафатнина: околу 29 l, доволно голема за да се смести една кацига
  • Голем заден рефлектор
  • Вклучува и цилиндар-брава со два клуча, адаптер плоча и материјал за поставување
  • Опционално: внатрешен џеб на кутијата за складирање

Носач на багаж

  • Јак носач на багаж отпорен на деформации, во атрактивен дизајн
  • За кутијата за складирање и обезбедува друг вид на багаж
  • Боја: алуминиум сива

ЕРГОНОМИЈА И УДОБНОСТ

Ветробранско стакло, високо, транспарентно

  • Подобра заштита од ветер и временски услови за возачот
  • Подобрена патна способност; дури и долгите патувања по автопат може да бидат удобни
  • Димензии (HxW): 579×410 mm
  • Премачкана е со слој против гребнатинки за непречена долготрајна транспарентност

Седиште, ниско

  • Ниско седиште
  • Полесно е да достигнеш до земја благодарение на малата висина на седиштата и краткиот лак на седечката положба
  • Висина на седишта: 760 mm (15 mm пониско од стандартно седиште)
  • Материјал: површината на седиштата е од висок квалитет на текстурира на вештачка кожа

Обвивка за скутер

  • Совршено вклопена и водоотпорна заштитна обвивка овозможува идеална заштита од ветер, временски услови и нечистотија од нозете на возачот и долниот дел од телото.
  • Патентиран систем против нестабилност со воздушни перничиња за надувување за да се спречи нестабилноста при големи брзини
  • Црвени копчиња за отворање на касетата, за надворешно ракување
  • Неткаена полиестерска текстилна обвивка, може да се отстрани и монтира со нитни, штити од студот.
  • Цврст надворешен материјал изработен од полиамид /ПВЦ/ полиестер

НАВИГАЦИЈА

Navigator VI

Дозволете новиот Navigator VI да ве однесе на најдобрите возења од вашиот живот. Големиот 5-инчен екран на допир ќе ви го покаже патот до бескрајно задоволство при возењето. Кружниот поларизирачки филтер за екран (CPOL) го минимизира сјајот и го подобрува контрастот, со што се обезбедува оптимална читливост дури и при директна сончева светлина. Обидете се на нови рути и дестинации користејќи ја опцијата за планирање „Патишта со кривини“, елементот „Избегнувајте поголеми магистрални автопати“ и функцијата „Кружно патување“ за кружни патувања по време, оддалеченост или меѓу одредиште. За да ви помогне да уживате во најдобрите погледи додека патувате, „Водичот низ природата“ ви дава точен опис на околината. Подесете ја музичката подлога за вашето патување: со помош на Bluetooth технологија и новата опција „Music Streaming“, можете да ги слушате насловите сочувани на вашиот smartfon-паметен телефон. Бидете режисер и контролирајте ги „Акционите камери“ директно од навигаторот. Опционалната апликација за Смартфон линк за информации за сообраќај во реално време со временска прогноза, ви кажува што точно треба да знаете кога ви требаат. „4-Button Mount“ ви овозможува полесно управување со сите релевантни функции додека патувате. Исто така, ќе добиете доживотно бесплатно ажурирања на претходно инсталираните податоци за мапите.

Navigator Street

Каде и да ве носи вашата задача, со функцијата Navigator Street  ќе доживеете чисто забавно возење. Екранот од 4,3 инчи со силен контраст ви го покажува најбрзиот, најкраткиот  пат или највозбудливата рута со можност за планирање на „Патишта со кривини“. Софтверот BaseCamp ви овозможува сами да испланирате детални патишта. Благодарение на Bluetooth технологијата и BMW Motorrad  комуникацискиот систем, по безжичен пат добивате инструкции  за навигација од свртување до движење и можете да го поврзете со вашиот smartfon -паметен телефон и да остварувате повици користејќи ја функцијата hands-free. Добивате бесплатни ажурирања на претходно инсталираните податоци за мапите се додека трае животниот век на возило.

  • GPS -уредот за навигација оптимизиран за употреба на моторот
  • Екран со висок контраст од 4,3 ″, чуствителен на допир,може да се користи и кога имате раквици
  • Изберете податоци за мапите на Европа и Северна Америка *
  • Бесплатни ажурирања на мапа во текот на целиот сервисен век на возилото
  • Вградена меморија од 8 GB, изборен slot за SD картички
  • Удобно планирање на маршрутата со помош на BaseCamp софтверот, кој може да ги прескокне успатните запирања (SKIP).
  • Опција за патот „Патишта со кривини“,
  • Bluetooth технологија за поврзување на комуникацискиот систем и мобилниот телефон
  • Напојување со струја преку OA приклучокот на мотоциклот

*Достапно само локално

Држач за паметен телефон

Наполнете го вашиот smartfon лесно додека возите мотоцикл со помош на непропусливиот држач за паметен телефон BMW Motorrad (до 5″). Екранот и навигацијата постојано се во видното поле и со нив лесно можат да се ракува.

  • Заштитна кутија за smartfon -паметен телефон со панел екран и полнач
  • Цврсто пластично куќиште, отпорен на прав и вода (IP67) со екран изработен од флексибилна фолија што не рефлектира
  • Наполнете го вашиот паметен телефон преку микро USB или безжично користејќи го Qi стандардот
  • Напојување преку OA приклучокот на мотоциклот
  • LED прикажување на моменталната состојба на полнење
  • Екранот осетлив на допир останува видлив и може лесно да се ракува, тој е оптимален во видното поле на возачот
  • Лежиштето се поместува 90 степени и може да се прилагоди за хоризонтален и вертикален формат
  • Уметок со гел што спречува лизгање и вибрации
  • Погоден за екраните до 5″, висина до 13,8 см, ширина до 7,3 см, длабочина до 1,1 см
  • Надворешни димензии: приближно 18х12х5 см
  • Лого BMW Motorrad на куќиштето
  • Одговара на сите држачи на BMW Motorrad Navigator специфични за одделни возила
  • Испораката вклучува завртки за монтирање и упатства за користење
  • Резервни делови: уметоци за гел во две големини, капак
Конфигуратор на мотоцикли