BMW Motorrad Македонија

ИЗЈАВА ЗА ОДГОВОРНОСТА

BMW групацијата ја цени вашата заинтересираност за нашите производи и посетата на веб страницата.

ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ

Кога ги користите нашите услуги, можеби ќе мора да внесете лични податоци. Давањето на овие информации е доброволно. Вашите лични податоци ќе се користат само во согласност со Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РС“ бр. 87/2018) и Општата Уредба за заштита на личните податоци (EU 2016/679) (во понатамошниот текст БДПР) кога ова е применливо, од сите погледи, во согласност со Политиката за приватност и Политиката за колачиња објавени на оваа веб-страница.

Личните податоци што ги пополнувате на веб-страницата на BMW се користат како дел од постапката за контактирање и како би го процесуирал Вашето барање. Обработката и користењето на вашите податоци за консултации, рекламирање и истражување на пазарот се врши само со ваше одобрение во согласност со Политиката за приватност.

Ако дадете дозвола вашите податоци да бидат користени од други организации на BMW или трети страни при давање согласност за наведените цели, вашите податоци може да бидат пренесени на нив. Ако тоа не биде случај, вашите податоци нема да бидат предадени на трети страни. Условите за пренос на податоци на трети лица може да ја пронајдете во делот Политика за приватност.

АВТОРСКИ ПРАВА

© Авторски права на BMW AG, Минхен, Германија. Сите права се задржани. Текстот, сликите, графиките, датотеките со звук, анимациите, видео-фајлови и нивниот аранжман на BMW Group подлежат на авторско право и друга заштита на интелектуална сопственост. Овие објекти не смеатда бидат копирани за комерцијални цели или да се дистрибуираат, ниту може да се модифицираат или објавуваат на други веб-страници. Некои веб-страници на BMW може да содржат слики чиишто авторски права се дадени на трети лица.

ГАРАНЦИЈА, ОДГОВОРНОСТ

Информациите на оваа веб-страница се дадени во „дадена форма“ и без никаква гаранција, изразена или имплицитна, вклучително (но не ограничувајќи се на) каква било имплицитна комерцијална гаранција. Иако веруваме дека доставената информација е точна, може да содржи одредени грешки. Во никој случај, BMW AG не одговара за какви било посебни, индиректни или последователни штети во врска со овој материјал, освен ако не е предизвикана од небрежност или намерно однесување. BMW AG не е одговорен за содржината на веб-страницата што ја одржува трето лице и затоа отфрла одговорност за сите врски направени тука од оваа веб-страница до други веб-страници.

ЗАШТИТНИ ЗНАЦИ

Освен ако не е на друг начин назначено, сите заштитни знаци на оваа веб страница се подложни на прописи за заштитни знаци BMW AG, вклучувајќи ознаки, називи на модели, лого  и амблеми.

ЛИЦЕНЦИ

BMW Групацијата има за цел да постигне иновативна и информативна веб-страница. Меѓутоа, исто така мора да разберете дека BMW Group мора да го штити своето интелектуално право, вклучувајќи патенти, заштитни знаци и авторски права. Соодветно на тоа, Ве молиме разберете дека од оваа веб-страница не им се дава никаква лиценца на трети лица.

КОРИСТЕЊЕ НА FACEBOOK ДОДАТОЦИ

Една од функциите на BMW Интернет присуството е да користи додатоци за социјални мрежи, од мрежи како како што е facebook.com, со кој ракува од Facebook Inc., 1601 S. California Ave, Palo Alto, CA 94304, USA (Facebook). Овие додатоци се обележани со логото на Facebook.

Кога пристапувате до BMW веб-страницата, вашиот прелистувач воспоставува директна врска со серверите на Facebook. Содржината на приклучоците се пренесува преку Facebook директно на вашиот прелистувач, кој потоа се интегрира во веб-страницата. Интеграцијата на додатоци предизвикува Facebook да ги добие информациите до кои сте пристапиле на соодветната страница на BMW веб-страницата. Доколку се најавите со Facebook налог, тие ќе можат да ја запишат вашата посета на вашата сметка на Facebook. Ве молиме обрнете внимание  дека размената на овие информации веќе се одвива кога ја посетувате нашата веб-страница, без разлика дали го поседувате додатокот или не. Ако имате додаток, активности како што се кликнување на „Like“, релевантните информации се испраќаат директно на Facebook од вашиот пребарувач и се чуваат таму. Можете да најдете информации за целта и обемот на аквизација на податоци, како и за тоа како се обработуваат и користат податоците од страна на Facebook, заедно со права и дополнителни поставки што ја штитат вашата приватност, во Facebook известувањата за заштита на податоци (http://www.facebook.com/policy.php).

Ако не сакате Facebook да собере информации за вашето присуство на Интернет, мора да се одјавите од страницата на Facebook пред да ја посетите BMW интернет-страницата.